
Иранските вооружени сили по првпат употребија балистички ракети лансирани од подморници при вечерашниот напад врз Израел, соопшти иранската државна агенција ИРНА.
Станува збор за прва борбена употреба на ваков вид оружје од страна на Иран, наведува ИРНА, повикувајќи се на воени извори.
Револуционерната гарда потврди дека иранските сили извршиле ракетни напади врз десетици цели во Израел, како одговор на израелскиот напад претходно денеска, кој е оквалификуван како најголем досега насочена против Иран.
Вечерашниот напад следуваше по израелските удари во кои беа убиени високи ирански воени команданти и беа погодени делови од иранската нуклеарна програма. Според иранскиот амбасадор во Обединетите нации Амир Саид Иравани нападите биле насочени не само кон нуклеарни капацитети, туку и кон цивилна инфраструктура и станбени згради, при што загинале 78 лица, а над 320 се повредени, од кои огромното мнозинство се цивили.