дома Граѓански Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани

Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани

Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани

  Семејствата на настраданите во пожарот во клубот „Пулс“, продолжуваат со организирање „Марш за ангелите“, а денеска ќе се одржи деветтиот по ред.

За разлика од досегашните, овој протестен марш во Кочани ќе почне во 18:05 часот како симбол на задоцнетата реакција на институциите.

Организаторите на маршот истакнуваат дека тој истовремено е и за поддршка на повредените лица во трагедијата и ги повикуваат нивните блиски, роднини и пријатели, да се придружат. Протестот е со единствена цел да се добие правда за сите кои настрадаа во пожарот, за којшто тие велат дека не е несреќен случај, туку масовно убиство.

Учесниците на маршот ќе тргнат од Паркот на револуцијата, ќе продолжат низ трговскиот центар, потоа пред Општина Кочани, а оттаму кон Полициската станица и Основниот суд и Обвинителството.

Организаторите ги покануваат сите граѓани, кои даваат поддршка на нивните барања, да им се придружат.

ПредходнаУтврдени уште осум кандидати за градоначалници од ВМРО – ДПМНЕ, кандидатот за Скопје ќе се знае во јули
СледнаПостапката за пожарот во дискотеката „Пулс“ запрена за 11 лица, меѓу кои двајца поранешни министри