Актерот Двејн Џонсон со години тивко се справувал со проблеми со дигестивниот систем, што ги збунувало лекарите и му пречело во секојдневниот живот, пишува „Дејли меjл“. И покрај тоа што се чувствувал физички силно, нешто во неговото тело едноставно не функционирало како што треба.
Пресвртот се случил кон крајот на 2023 година за време на разговор со долгогодишниот деловен партнер Ари Емануел, кој му предложил да проба функционална медицина.
Функционалната медицина се фокусира на пронаоѓање на причината за болеста, а не само на лекување на симптомите. Емануел го поврзал со д-р Хајман, еден од водечките експерти во оваа област. Следеле низа тестови, вклучувајќи тестови на крв и столица, за да се открие што е тоа.
Наодите покажале дека цревата на Џонсон сè уште се опоравуваат од поголема доза на антибиотици кои уништиле клучна бактерија наречена акермансија. Тоа е бактерија која игра важна улога во одржувањето на заштитната обвивка на цревата и намалувањето на воспалението. Без неа, Џонсон развил симптоми на состојба позната како пропустливи црева.
-Се спремав да влезам во девет месеци работа без пауза. И си помислив: „Боже, како ќе го надминам ова со овие цревни проблеми? – рече актерот кој во тоа време имаше настапи во WWE, промоција на анимираниот филм „Моана 2“ и акциониот филм „Red One“ и снимањето на биографскиот филм „The Smashing Machine“.