дома Свет Данската Влада предложи палењето на Куранот да биде казниво со закон

Данската Влада предложи палењето на Куранот да биде казниво со закон

158





Данската Влада денеска предложи закон според кој палењето примероци од Куранот на јавни места ќе биде казниво со закон, но законот во однос на првобитната верзија е изменет.

„Предлог-законот конкретно таргетира содржини кои се од суштинско верско значење за верската заедница“, соопшти данското Министерство за правда, пренесува дански „Политикен“.

Данскиот министер за правда Питер Хумелгард рече дека е важно законот да биде многу прецизен.

„Одлучивме да го прилагодиме законот, тоа го направивме врз основа на консултации со полицијата и поради стравот дека првобитната верзија на законот ќе биде премногу тешка за спроведување во пракса“, рече Хумелгард.

Во новиот предлог-закон, измената се состои во правење разлика меѓу предмети од верско значење и списи од верско значење.

Новиот предлог-закон е насочен на сквернавење на списи од верско значење, додека првата верзија на законот предвидуваше дека тој се однесува на сквернавење на сите предмети од верско значење. Данска, но и Шведска имаа проблем од почетокот на годината бидејќи противниците на исламот запалија и оштетија неколку примероци од Куранот, што предизвика гнев кај муслиманите ширум светот.

МИА

– Реклама –








ПредходнаЧајот од ѓумбир е одличен против настинки, регулација на шеќерот и регенерација на црниот дроб
СледнаЕК да си „го затегне ременот“, наместо да бара уште пари од земјите членки