дома Гастронаутика По седум години повторно се отвора комплексот „Македонско село“

По седум години повторно се отвора комплексот „Македонско село“

По седум години повторно се отвора комплексот „Македонско село“

 Откако беше затворено поради неисплатливост и нерентабилност, како проект на Скопје 2014 и НИкола Груевски, по седум години денеска повторно ќе биде отворен комплексот „Македонско село“ кој се наоѓа на Водно во близина на Нерези. Нов концесионер е фирмата, овојпат ќе биде  „Ла Тераца“.

Оттаму информираа дека концесионерот е избран на законски и транспарентен начин, по пат на електронско јавно наддавање, преку системот со кој управува Министерството за финансии.

На отворањето, најавено е присуство на премиерот Христијан Мицкоски.

Комплексот „Македонско село“ се состоеше од 12 автентични куќи, со простории каде се претставени македонските занаети, а делови се користеа како хотелски соби и имаше ресторански дел.

Со реотворањето на комплексот, според СОЗР, ќе бидат создадени услови за поттикнување на развојот на туризмот и зајакнување на локалната економија, отворање на нови работни места, а ќе биде унапреден и туристичкиот капацитет во Скопје  за што очекуваат да влијае на зголемен број туристи не само во Скопје, воопшто и во земјава.

ПредходнаФилипче: Пад на поддршката за ВМРО-ДПМНЕ
СледнаБлумберг: САД подготвуваат напад врз Иран во наредните денови