дома Свет Нова размена на воени заробеници помеѓу Русија и Украина

Нова размена на воени заробеници помеѓу Русија и Украина

Русија и Украина соопштија дека денеска размениле воени заробеници, како дел од Договор постигнат на 2 јуни во Истанбул.

Но, ниту Москва ниту Киев не наведоа колку заробеници денеска се разменети.

Нашите луѓе се враќаат дома од руско заробеништво, објави украински претседател Володимир Зеленски на социјалните мрежи.

На втората рунда директни преговори во Истанбул, Русија и Украина се согласија да ослободат најмалку по 1.200 повредени заробеници и војници помлади од 25 години и да вратат илјадници тела на загинати војници.

ПредходнаИДФ: Иран напаѓа со ракети со повеќе боеви глави
СледнаНов ирански ракетен напад врз Израел