Шпанскиот премиер Педро Санчез побара од НАТО да ја изземе неговата земја од целта на Алијансата за зголемување на трошоците за одбрана од 5 отсто од бруто домашниот производ (БДП), според писмото испратено до генералниот секретар на алијансата, Марк Руте, во кое во четвртокот увид имала агенцијата Reuters.

Санчез побарал „пофлексибилна формула“ што или ќе го направи постигнувањето на целта доброволно или од неа ќе ја изземе Шпанија.
„Посветувањето на целта од 5 отсто не само што би било неразумно, туку и контрапродуктивно, бидејќи дополнително би ја оддалечило Шпанија од оптималните расходи и би ги нарушило сегашните напори на Европската унија за зајакнување на сопствената безбедност и одбрана“, напишал Санчез во писмото.
Додал дека новата цел, предложена од САД, е „некомпатибилна со нашата држава на благосостојба и нашиот поглед на светот“.
Мадрид проценува дека ќе треба да издвои 2,1 отсто од својот БДП за да ги задоволи воените потреби на Шпанија, наведува Санчез.




