„Колку малку треба за среќа“, коментираат луѓе на снимката.
Снимка која се појави на социјалните мрежи, а според информациите доаѓа од Обединетите Арапски Емирати, покажува дека кучињата без сопственик, кои живеат на улиците, и комуналните работници задолжени да ги одржуваат тие улици, не мора да бидат во лоши односи.
Во жешките денови на раното лето, кучињата во градот на снимката имаат среќа што тука се нивните пријатели со камионот за миење на улиците, за кои знаат дека ќе ги „почестат“ со силниот и освежувачки млаз од нивниот шмрк.
Атмосферата кога поминува камионот и реакцијата на кучињата најдобро ја покажува самото видео:
„Колку малку треба за среќа“, коментираат многу луѓе на снимката.