дома Македонија За сметањето на времето ќе ги следиме одлуките на ЕУ, вели Бектеши

За сметањето на времето ќе ги следиме одлуките на ЕУ, вели Бектеши

157

Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека во однос на начинот на сметање на времето со евентуално укинување на промената од зимско во летно и обратно, државава ќе се прилагоди кон одлуките на Европската комисија.

„Ќе носиме одлуки согласно со одлуките што ќе се носат во Европската унија имајќи предвид дека нашата најголема економска соработка, над 75 отсто, е со членките на Европската унија. Каква одлука ќе се донесе во Европската комисија, тоа ќе се преслика и во нашата држава“, рече денеска Бектеши на новинарско прашање.

Не се направени конкретни анализи, а според предлозите што ги подготвила работната група што беше формирана пред една година, треба да се прилагодиме кон одлуките на Европската комисија.

Летното сметање на времето завршува во недела во 03:00 часот по полноќ кога стрелките на часовникот треба да се поместат еден час наназад, со што започнува зимското сметање на времето.

„Согласно Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр63/23), летното сметање на времето завршува на 29 октомври во 03h 00 min 00s, така што со поместување за еден час наназад времето во 03h 00 min 00 s се смета како 02h 00min 00s. Согласно Одлуката, започнува зимско сметање на времето“, информираа од Министерството за економија.

– Реклама –

ПредходнаБугарија ставена на меѓународната сива листа за перење пари
СледнаАко се потпише предлогот на ЕУ за Заедницата на српски општини, веднаш оди пред косовскиот Уставен