Сoeдинетите држави користеа бомби за уништување бункери и крстосувачки ракети „Tomahawk“ за да ги погодат клучните ирански нуклеарни инфраструктурни објекти, објави Fox News.
Според нивните податоци, од пет до шест моќни бомби биле фрлени од „невидливите“ бомбардери „В-2“ врз тајниот подземен комплекс во Фордо иако претходно се претпоставувало дека две ќе бидат доволни. Телевизискиот канал тврди дека „нуклеарните амбиции на Иран се официјално мртви“.
Претходно британската агенција Reuters објави дека во нападот учествувале стратешки бомбардери „B-2“ кои претходно биле прераспоредени на островот Гуам во Тихиот Океан, прекуокеанска територија на САД. Овие авиони може да бидат опремени со американската воздушна бомба „GBU-57“, дизајнирана да уништува цели лоцирани длабоко под земја. Токму овој тип проектил, според експертите, би можел да се користи за удар врз нуклеарниот објект Фордо, кој се наоѓа на длабочина од најмалку 90 метри во карпест предел.
Покрај Фордо, нападнати се уште два нуклеарни објекти – во Исфахан и Натанц. Според Fox News, околу 30 ракети „Tomahawk“ биле лансирани кон нив од подморници лоцирани приближно 640 километри од целите.