дома Свет Алтернативниот црноморски коридор за извоз продолжува да функционира

Алтернативниот црноморски коридор за извоз продолжува да функционира

56





Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека алтернативниот коридор за извоз на жито преку Црното Море ќе продолжи да функционира и покрај сите закани.

Како што се наведува во соопштението од кабинетот на Зеленски, тој телефонски разговарал со британскиот премиер Риши Сунак за функционирањето на таа рута и обезбедувањето на бродот.

Компанијата „Барва инвест консалтанси“ со седиште во Киев и британската безбедносна компанија „Амбреј“ вчера соопштија дека Украина ја прекинала употребата на својот извозен коридор на Црното Море поради можна закана од руски воени авиони и морски мини.

МИА

– Реклама –








ПредходнаНе знам зашто немало претставка до Агенцијата за лекови да види што може да направи на Онкологија
СледнаЕУ ќе координира повеќе пратки хуманитарна помош за Газа