дома Свет ОН го обвинуваат Израел за воени злосторства со „колективно казнување“ на Газа

ОН го обвинуваат Израел за воени злосторства со „колективно казнување“ на Газа

102





Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации го обвини Израел дека извршил воени злосторства со опсадата и блокадата на Појасот Газа.

„Колективното казнување е воено злосторство. Колективното казнување од страна на Израел на целото население во Газа мора веднаш да престане“, рече портпаролката Равина Шамдасани денеска во Женева.

Според Агенцијата на ОН, и палестинската исламистичка милитантна група Хамас извршила воени злосторства и ѕверства, вклучително и киднапирањето цивили од Израел за време на смртоносните напади на 7 октомври. Шамдасани побара од палестинските групи да ги прекинат „неселективните напади“ врз Израел.

Се верува дека повеќе од 200 луѓе, од кои многу цивили, се заробени од Хамас во Газа.

Израел објави „целосна опсада“ на Газа, прекинувајќи го снабдувањето со вода, храна, струја и гориво.

„Се случува хуманитарна катастрофа за 2,2 милиони луѓе затворени во Газа кои се колективно казнети“, рече Шамдасани.

МИА

– Реклама –








ПредходнаНајдено починато женско лице во близина на трговскиот центар во Тетово
СледнаСрпски производи повторно вратени од хрватска и словенечка граница поради недозволени супстанци