дома Магазин Дневен хороскоп за сабота, 28-ми октомври 2023-та

Дневен хороскоп за сабота, 28-ми октомври 2023-та

57

ОВЕН
Вашата зафатеност ќе биде насочена во различни насоки: службени, домашни и деловни, а нема да ви недостига и акцент на забавата. Ќе се усогласите со барањата од вас, што не значи дека ќе ги запоставите своите интереси. Им давате значење на важните работи, но и малите нешта носат пораки.

БИК
Некои од вас имаат можност да го искористат посредувањето на влијателна личност и да постигнат нешто кон што долго време се стремите. Поддршката што најверојатно ќе ја добиете нема да ве чини ништо значајно во замена и повеќе ќе биде среќна случајност. Нема да ви треба долго време за двоумење.

БЛИЗНАЦИ
Прашањата кои ве засегаат брзо ќе го најдат своето решение и тоа ќе ве натера да се чувствувате олеснето. Партнерот е чувствителен на вашите расположенија и знае како да ги предвиди вашите желби, што е среќна околност. Ќе добиете внимание и нежност, споделете ги и вие, вашиот заеднички живот завреднува да се потрудите.

РАК
Денеска сте во целосна синхронизација со вашите деловни партнери. Консултирајте се со професионалци кога решавате конкретен проблем. Пречките на кои наидувате од државната администрација значително ќе ве успорат. Премногу сте сомничави кон блиска личност. Бидете потрпеливи со вашите подредени.

ЛАВ
Ви претстојат важни обврски. Проблемите на кои го посветувате своето внимание ќе ви донесат успех. Треба да бидете повеќе трпеливи. Вашата емотивност може да биде пречка за постигнување важни цели. Не бидете толку непопустливи во вашите одлуки. Толеранцијата на други гледишта може да биде неочекувано корисна.

ДЕВИЦА
Со изразен интерес ќе пристапите кон подготовка на настан, од кој вашите очекувања се големи. Водечко место за понаметливите Девици, како во менаџерската хиерархија, така и во личните односи. Вашиот ум ќе работи со голема брзина и нема да изгубите контрола над ништо што ве засега.

ВАГА
Загрижени за бизнисот, работата и финансиите, работите ќе ги придвижите во насоката во којашто посакувате. Тешкотиите ќе влијаат на вашето расположение и без каење ќе им покажете на оние кои не ви посакуваат добро дека нема да ви недостига нивното друштво. Со позитивни мисли ќе ги неутрализирате лошите енергии околу вас.

ШКОРПИЈА
Ќе се ослободите од мислите што ве прекупираат на вознемиреност и неизвесност, доколку си одговорите што точно сакате. Одговорот ќе ви помогне точно да ги одредите вашите цели и да ја прецизирате вашата програма. Возбудливите луѓе ќе ве привлечат со своите идеи и заедно ќе работите на нивната реализација.

СТРЕЛЕЦ
Во врска со деловните задачи ќе ги зајакнете деловните контакти. Ќе бидете изненадени од нечие однесување и тоа може да го промени вашиот однос кон таа личност. Бидете отворени за вашите намери и не дозволувајте лошото расположение да ви ги уништи зделките. Стабилизација во финансиска смисла.

ЈАРЕЦ
Денот може да се опише како динамичен. Вашите иницијативи ќе ве сретнат со многу луѓе и ќе ги насочат вашите интереси во ветувачки насоки. Лесно ќе се вклучите во работи за кои верувате дека нема да ви бидат проблем. Добро е да соработувате со претставници на водените знаци кои го докажале својот коректен однос кон вас.

ВОДОЛИЈА
Не им подлегнувајте на тешкотиите, вашите успеси денеска ќе бидат добра основа за вашата иднина. Тие ќе ви обезбедат привилегии што другите не можат. Вечерта ќе ви проработи среќата и можеби ќе се препуштите на коцкарските хоби. Некои од вас ќе ја споделат вечерта со своето семејство. Удобноста во домот ќе ве стопли и ќе ве направи среќни.

РИБИ
Некои од вас се збунети и не се сигурни каде да одат. Слушајте се повеќе себеси, разјаснете ги сопствените чувства за да избегнете разочарување. Еден навидум безначаен настан ќе започне долгогодишно пријателство, а можеби и нешто што ќе ве возбуди повеќе.



ПредходнаЦрн ден за „Обединетите нации“ и за човештвото
СледнаЦементарница УСЈЕ со добивка од 1,1 милијарди денари заклучно со септември