дома Свет САД ќе развијат напредна верзија на своето тактичко нуклеарно оружје за „потешко...

САД ќе развијат напредна верзија на своето тактичко нуклеарно оружје за „потешко достапни“ воени цели

142





САД ќе развијат напредна верзија на своето тактичко нуклеарно оружје Б61 за потенцијална употреба против „потешко достапни“ воени цели, објави Пентагон, јави ДПА.

Американскиот Конгрес допрва треба да даде одобрение за проектот, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

Бомбата, означена како Б61-13, ќе биде произведена од Националната администрација за нуклеарна безбедност на Министерството за енергија и ќе може да се користи во модерни авиони.

Според Пентагон, воведувањето на Б61-13 не е одговор на конкретен настан, туку „ја одразува моменталната проценка на променливото безбедносно опкружување“.

Производството не е наменето за зголемување на вкупниот број на оружје во американскиот нуклеарен арсенал. Нуклеарното оружје Б61 е дел од американските резерви со децении и редовно се надградува, посочува ДПА.

МИА

– Реклама –








ПредходнаДесет полицајци повредени во судир со затвореници при претрес во Идризово
СледнаОсомничениот за масовното пукање во Мејн пронајден мртов