дома Технологии Германските железници тестираа воз со рекордна брзина од над 400 километри на...

Германските железници тестираа воз со рекордна брзина од над 400 километри на час

Германските железници (Дојче Бан) и Сименс денес го тестираа својот најнов прототип на брз воз, Веларо Ново, по должината на рутата Ерфурт-Лајпциг/Хале, постигнувајќи рекордна брзина од 405 километри на час.

Во средината на возот се наоѓал вагон за мерење полн со сензори, влечен од локомотива дизајнирана за такви брзини. Регистрирана е брзина од 405 км/ч. Претходниот рекорд на оваа рута беше 333 км/ч, изјави портпаролката на железницата, објави „Билд“.
„Тестните возења ни даваат важни сознанија за реновирањето и одржувањето на брзите линии, како и за техничкиот развој на брзите возови, што е исто така од корист за патниците“, објасни Филип Нагл, раководител на подружницата за железничка инфраструктура DB InfragGo.
Тестот за оптоварување е исто така клучен за „Сименс“ – технологијата е наменета да ги напојува идните генерации меѓуградски експресни возови (ICE).


Возот Веларо Ново сè уште не е дел од германскиот железнички систем. Сегашните ICE возови се базираат на постарата серија Velaro.
Речиси сите ICE возови се технички способни да достигнат брзина над 300 км/ч.
Сепак, дотраените пруги, тесните растојанија меѓу станиците и преоптоварената мрежа честопати ги забавуваат возовите, додава „Билд“.
Брзата линија помеѓу Ерфурт и Лајпциг, отворена во 2015 година, беше дизајнирана за максимална брзина – и според „Дојче Бан“, таа сè уште е во врвна состојба.

ПредходнаПарадата на гордоста се одржа во Будимпешта и покрај забраната, десетици илјади маршираа
СледнаЧетврто издание на манифестација „CRUISE CULT – The Art of the motorcycle 2025“ во Скопје