дома Локално Летна креативна дружба со локални брендови, винтиџ мода и улична култура во...

Летна креативна дружба со локални брендови, винтиџ мода и улична култура во „Лабораториум“

Летна креативна дружба со локални брендови, винтиџ мода и улична култура во „Лабораториум“

  Повеќе од 30 занаетчии, независни брендови, љубители на vintage парчиња и млади креативци ќе учествуваат на Artisan Sunday + Bazaar настанот што ќе се одржи денеска од 12 до 18 часот, во просторот на Културно едукативниот центар „Лабораториум“ во Скопје.

Настанот е организиран од Re:store маркет како отворена летна зона за инспирација, заедништво и добра музика, а добредојдени се и миленичињата.

-Artisan Sunday + Bazaar има за цел да го поддржи локалното творештво, реупотребата и урбаната култура преку динамична, позитивна средина која ги поврзува луѓето, идеите и добриот стил на живот. Ова издание носи вистинска летна атмосфера – со нови модни парчиња, музика од винили и cd-a, уметнички работилници и улична храна, во урбана и опуштена околина отворена за сите генерации, најавуваат организаторите.

Во програмата меѓу другото, е вклучена и креативна мозаик работилница со уметницата Martina Cameloon за изработка на мини мозаик дела со мали плочки.

ПредходнаЧетврто издание на манифестација „CRUISE CULT – The Art of the motorcycle 2025“ во Скопје
СледнаПротести во Бугарија : Евро наместо лев од 1 јануари 2026