дома Македонија Политика Груевски вели дека СДСМ лаже: Мојата влада заврши околу 50% од патот...

Груевски вели дека СДСМ лаже: Мојата влада заврши околу 50% од патот Фариш-Дреново

Поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски реагираше на социјалните мрежи откако опозициската СДСМ објави дека завршила 90% од работите на експресниот пат Фариш – Дреново.

„ЛАГА!!! Лага е дека СДСМ завршила 90% од работите на делницата Фариш-Дреново, кој е 10 километарски дел од експресниот пат Градsко-Прилеп. Немам податок колку во оваа една година завршила актуелната влада на ВМРО-ДПМНЕ, но знам дека владата која јас ја предводев заврши околу 40-50 проценти од градежните работи, одкако претходно 3-4 години макотрпно ги заврши сите подготовки за почеток на градбата: физибилити студија и разни елаборати, целосна урбанистичка документација, целосно проектирање на експресниот пат, долга процедура на аплицирање и добивање заем, и решавање на многу почетни проблеми кои вообичаено се јавуваат во вакви проекти особено на теренот.

Овој експресен пат за прв пат го ветивме во нашата програма и активно работевме. По смената на власта во 2017 година, имаше еден подолг застој на градежните работи од неколку години, во кој во сред градење имаше и нов тендер за градба, пред да продолжи градбата со прилично бавно темпо. Со лаги и нечесност сами се закопаа и ја загубија власта со катастрофална казна од страна на екекторатот. И уште тераат со истата матрица“, објави Груевски.

ПредходнаЦрногорската полиција уапси Србин поради лажна дојава за бомба во авион
СледнаСтудентите во блокада ги повикаа граѓаните нс Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барањата.