Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска, со отворено писмо до еврокомесарот Михалис Рокас, бара да ѝ пренесе на еврокомесарката Марка Кос, која е во посета на Скопје, дека државните институции не ја заштитуваат неа и покрај пријавите за закани, откако почна јавно да ги објавува дивоградбите кои се граделе во Чаир со амин на тамошниот градоначалник Висар Ганиу. Арсовска потенцира дека во секоја држава има мафија, само во Македонија мафијата си има своја држава.
„Со оглед на посветеноста на Европската Унија на владеењето на правото, што е дел од поглавјата за пристапување кон ЕУ, како и поддршката на напорите во борбата против криминалот и корупцијатата, ви се обраќам да пренесете дека Вашето вклучување не само што ќе го зајакне и придвижи постапувањето кон правдата, туку ќе испрати и јасна порака дека корупцијата и криминалните активности нема да бидат толерирани пишува во писмот на Арсовска до амбасадорот Рокас.
ТВ 24 побара став од мисијата на ЕУ во земјва, но до емитување на прилогот нема одговор.
Од обвинителство појаснуваат дека постапуваат по сите пријави на Арсовска за изградба на дивоградбите во Чаир со фалсификувани документи.
Инаку обвинител веќе извршил проверки и идентификации на наведени парцели, каде Арсовска посочи дека се изградени дивоградбите. Издадена е наредба до Управата за финансиска полиција од која е побарано да ја обезбедат целокупната документација од град Скопје и Агенцијата за катастар – поврзана со постапките за легализација.
Државниот завод за статистика изброи 751 дивоградба лани = најмногу во Куманово, а во Чаир немало ниту една дивоградба.





