дома Популарно Ковачевски да одговори како Миликије Халими е избрана за нов директор на...

Ковачевски да одговори како Миликије Халими е избрана за нов директор на АД Аеродроми

140

„Именувањето на Миликије Халими за нов директор на АД Аеродроми спаѓа во рубриката ‘верувале или не’. Поранешната градоначалничка на Арачиново од редовите на СДС после мандатот ја именуваа за инспектор во Царинска управа со средно школо, а сега догура до позиција директор на Аеродроми.

Со што Миликије ја заслужи оваа позиција? Кои се нејзините квалитети, токму таа да биде избрана? Дали има соодветни вештини, знаење или искуство? Да бидат срамот и дното поголеми, Миликије Халими уште им се заблагодарува на СДС за кадровскиот избор кој го направиле и нејзе ја именувале на оваа позиција“, реагираа денеска од најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е срам за СДС, за владата, но најстрашно од сè – е срам за Македонија. Човек со средно медицинско образование ќе одлучува за аеродромските услуги во Македонија. Ова е кадровската политика на СДС, целосно некомпетентни кадри да ги стави на одговорни позиции, како да се работи за шега, а не за раководење на државни институции. Всушност заради ваков тип на ‘Миликије-кадровски политики’ пропаѓа системот, институциите и државата, а младите и компетентните се селат“, се вели во реакцијата на опозицијата, од каде бараат премиерот Ковачевски да одговори како Халими била избрана, со оглед дека, како што велат, тој е директно одговорен за кадровскиот избор затоа што е формален претседател на СДС.

Халими на новата функција беше назначена во средата, со одлука на Надзорниот одбор на претпријатието. Таа ќе управува со двата меѓународни аеродроми, скопскиот и охридскиот, во оној дел кој не е под концесија на ТАВ, како и со спортските аеродроми.

За новата функција, таа и директно ѝ се заблагодари на СДСМ.

„Ја споделувам со вас веста за именувањето на генерален директор на државното акционерско друштво ‘Аеродроми’ на РCM. Ѝ благодарам на партијата СДСМ за укажаната доверба да раководам со оваа институција. Ќе работиме и ќе се фокусираме на интегрирање и склопување на системите на оваа институција со фокус на зголемување на квалитетот на услугите за сите корисници, како и зголемување на ефикасноста и ефективноста на работењето на институцијата генерално!“, напиша Халими на својот Фејсбук профил.

– Реклама –

ПредходнаПлатата треба да биде доволна за нормален живот за работниците да не одат во странство
СледнаКомпаниите платиле околу 32 милиони евра во Буџетот за солидарен данок