дома Свет Во поплавите во Тексас загинаа над 50 луѓе

Во поплавите во Тексас загинаа над 50 луѓе

Во поплавите во Тексас загинаа над 50 луѓе

  Бројот на загинати луѓе во поплавите, што ја погодија американската сојузна држава Тексас на 4 јули, се искачи на 51, а десет лица се водат за исчезнати.

Во округот Кар потврдена е смрт на 43 луѓе од кои 15 се деца, кои посетувале христијански летен камп за девојчиња на брегот на реката Гвадалупе.

Поплавите беа предизвикани од ненадејна бура што предизвика излевање на реката Гвадалупе во централен Тексас, околу 140 километри северозападно од Сан Антонио.

ПредходнаВо молк помина протестниот „Марш за ангелите“ во Кочани, родителите на починатите очекуваат одговор на барањата
СледнаКолку пари ви се потребни за одмор во Грција? Ова се цените на сите производи!