дома Живот Леснo, освежителнo и вкуснo: Рецепт за колач од лимон со грчки јогурт

Леснo, освежителнo и вкуснo: Рецепт за колач од лимон со грчки јогурт

Колач од лимон со грчки јогурт е лесен и не премногу сладок десерт што ќе го направите едноставно и брзо. Освежителниот крем од лимон лежи на тенка кора од бисквити.

Навистина не можете да погрешите ако го правите овој десерт, единственото нешто што треба да го знаете е дека е важно да работите со состојки на собна температура. Ако сакате, заменете го лимонот со лимета и уживајте во сосема нов вкус.

Состојки:

За кората
– 120 г мелени бисквити
– 1 лажица шеќер
– 45 г путер, растопен

За кремот
– 170 г крем сирење, омекнато на собна температура
– 180 г грчки јогурт, на собна температура
– 2 големи јајца, на собна температура
– 1 жолчка од јајце, на собна температура
– 65 г шеќер
– 80 мл свеж сок од лимон (2-3 лимони)
– 1 лажица рендана кора од лимон
– 1 лажичка екстракт од ванила
– кришки лимон и свежи боровинки или малини, по желба, за декорација

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 150 степени. Обложете го дното и страните на квадратен плех за печење (20 на 20 см) со хартија за печење.
Во сад, измешајте ги мелените биксвити и шеќерот. Додадете го растопениот путер и мешајте додека не се соединат. Притиснете во подготвениот плех за печење. Печете 8 минути, потоа извадете го од рерна и оставете го настрана малку да се олади.

Измешајте го крем сирењето на висока брзина околу 1 минута. Додадете јогурт и продолжете да мешате на малку помала брзина. Додадете ги јајцата и жолчката и продолжете со мешање. Откако ќе добиете мазна смеса, додадете го шеќерот, сокот од лимон, кората од лимон и екстрактот од ванила. Внимавајте да не останат грутки. Прелијте го филот врз печената кора.

Префрлете во рерна и печете 34-38 минути или додека средината не се стврдне, но не е целосно цврста. Извадете го плехот за печење на решетка за ладење и ставете го во фрижидер по 1 час. Оставете го колачот да се олади 3-4 часа или преку ноќ.

Исечете го колачот на коцки и декорирајте по желба.

ПредходнаФОТО | Мел Би од „Спајс грлс“ се омажи за 13 години помладиот партнер: На свадбата ѝ дојде само една членка од групата
СледнаЛетен осип меѓу нозете: Пет совети за жешките денови без непријатност