дома Свет Германија протестира против кинеското попречување на германските авиони кај Јемен

Германија протестира против кинеското попречување на германските авиони кај Јемен

Германското Министерство за надворешни работи го повика кинескиот амбасадор во Берлин на информативен разговор откако кинеската војска употребила ласери за да го попречи летањето на германските авиони што учествуваат во таканаречената „заштита“ на водите кај Јемен, соопшти министерството во вторникот.

„Кинеската војска целено со ласер попречуваше еден германски авион. Доведувањето во опасност на германскиот екипаж и нарушувањето на операцијата се целосно неприфатливи. Кинескиот амбасадор во Германија затоа е повикан на разговори“, се вели во соопштението на германското Министерство за надворешни работи.

Според германските медиуми, веќе е испратена протестна нота до амбасадорот Денг Хонгбо.

Инцидентот се случил пред неколку дена кога екипажот на кинеска фрегата, која исто така се наоѓа во водите кај Јемен, употребил ласери за да го попречува летот на германски извидувачки авион.

Авионот работел како дел од мисијата „Aspides“ на Европската унија, која треба да ги заштити трговските бродови во Црвеното Море од напади на силите на бунтовничките Хутисти од Јемен кои ги напаѓаат пловилата поврзани со Израел како поддршка за Палестинците во Појасот Газа.

„Екипажот на кинеската фрегата, како што е вообичаено, не го предупредил однапред екипажот на авионот за можното приближување, туку веднаш употребил ласерско блокирање“, тврди официјален Берлин.

ПредходнаНов напад врз товарен брод кај Јемен, двајца морнари загинаа
СледнаПочнува изградбата на интерконекторот со Грција, ќе го гради кумановската „Рапид билд“