Стравот од невреме со громови претставува голем проблем за кучињата, а на сопственикот му е тешко да гледа како неговиот миленик се тресе и цвили. Иако кучињата се плашат од петарди, бучава и прегласен сообраќај, стравот од грмотевици може да биде особено сериозен – се проценува дека околу 30 отсто од кучињата страдаат за време на такви временски услови, пишува „Љубимци“.
Кога ќе се слушне гром, кучето не разбира од каде доаѓа звукот: почнува да се тресе, се крие, оди немирно и дише забрзано, а во екстремни случаи може да ги гребе ѕидовите, да гризе килими и очајнички да се обидува да побегне.
Ако и вашето куче има страв од грмотевици, овие три проверени совети можат да помогнат:
1. Обезбедете му безбеден агол за време на невремето
Кога се плашат, кучињата се повлекуваат на место каде што се чувствуваат најбезбедно – во куќарка, во ормар, под ќебе или под кревет.
2. Останете смирени додека трае невремето
Ако премногу го тешите кучето во тие моменти, може несвесно да го засилите неговиот страв. Наместо тоа, одвлечете му внимание со нешто што го сака – фрлање топче, чешлање, омилена закуска… Вашето присуство е доволно утешително, па смирете го со нежен допир или со тивок, смирен разговор.
Ветеринарите-однесувачки експерти тврдат дека класичната музика има смирувачко дејство врз исплашените кучиња.
Ако ниеден од овие совети не помага, посоветувајте се со ветеринар за евентуална употреба на лесни седативи.