дома Магазин ФОТО | „Скромната“ вила на Карл Лагерфелд продадена за 5,5 милиони долари:...

ФОТО | „Скромната“ вила на Карл Лагерфелд продадена за 5,5 милиони долари: Погледнете ја куќата од 19. век

Продадена е вила во близина на Париз, која некогаш била во сопственост на покојниот моден дизајнер Карл Лагерфелд.

Вилата од 19. век, која била во сопственост на легендарниот креатор Карл Лагерфелд, била продадена за 4,7 милиони евра, односно 5.5 милиони долари дознава „Артнет“.

Неокласичната вила, „Павилјон де Вуасенс“, која се наоѓа на 16 километри од Париз, во парк од пет хектари, ја купил Лагерфелд во 2010 година и темелно ја реновирал во текот на четири години, правејќи ја целосно модерна.

Реплика на спална соба за момче

На приземјето од куќата, поранешниот креативен директор на модната куќа „Шанел“ уредил совршена реплика на својата детска спална соба во Хамбург, но никогаш не спиел таму, туку во ултрамодерната стаклена куќа што ја изградил покрај базенот. Дизајнерското студио се наоѓа на првиот кат.

Во близина, тој изградил игралиште за својата бурманска мачка Шупет, на која во својот тестамент ѝ оставил 1,3 милиони евра за да може да продолжи да живее луксузно.

Место на инспирација

Од смртта на дизајнерот, имотот е напуштен, го купила компанијата за недвижности „Аријас“, која го одржувала и го ставила на пазарот.

„Павилион де Вуасенс“ бил продаден на аукција со свеќи, на која времето на продажбата се мери со палење на две мали свеќи, секоја со времетраење од 15 секунди. Праксата датира од 15 век и сè уште е честа во Франција. Зградата била продадена малку над проценката.

Лагерфелд не живеел во куќата, но често доаѓал и угостувал драги личности. Тоа било и местото на неговата инспирација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sotheby’s (@sothebys)

 

Имотот на аукции

Лагерфелд поседувал најмалку 20 куќи, расфрлани од двете страни на Атлантикот. Неговиот стан во Париз од 260 квадратни метри, со поглед на Сена и „Лувр“, беше продаден во март 2024 година за 9,2 милиони евра, што е речиси двојно повеќе од бараната цена.

Во текот на 2021 и 2022 година, имотот на Лагерфелд беше продаден на три аукции во Монако, Париз и Келн. Продадени се повеќе од 1.000 лотови, меѓу кои мебел, уметнички дела, лични предмети и дизајнерски скици, a донесоа 22 милиони евра.
ПредходнаФОТО+ВИДЕО | За првпат од 2023 година: Кејт Мидлтон носеше дијадема на свечен банкет во Виндзор
СледнаОбјавена официјалната причина за смртта на Мајкл Медсен: Борбата со неговата поранешна сопруга и алкохолот беа фатални