Во Турција започна репресија против политичките противници на претседателот Реџеп Таип Ердоган, при што повеќе од 500 лица се приведени во последните девет месеци, објави Ројтерс, додавајќи дека истрагата, која се забрза во последните денови, се фокусира на она што Ердоган го опишува како корупциска мрежа „слична на октопод“ чии раце се протегаат низ цела Турција и во странство.
Иако истрагата не е селективна, таа е речиси исклучиво фокусирана на општините контролирани од главната опозициска партија, Републиканската народна партија (РНП), која се спротивставува на обвинувањата за корупција, нарекувајќи ги политички напади насочени кон „елиминирање на конкуренцијата“.
Според извештаите, повеќе од 220 лица се затворени или ставени во домашен притвор, од кои многумина се поврзани со локалните власти од рамките на РХП.