OpenAI, компанија позната по развојот на вештачка интелигенција, е во завршна фаза од развојот на нов интернет прелистувач базиран на вештачка интелигенција, што би можел да претставува предизвик за доминантниот на пазарот Google Chrome, изјавија за Ројтерс луѓе запознаени со плановите на компанијата.
Според овие извори, пребарувачот би можел да биде лансиран во наредните недели, а неговата цел е фундаментално да го промени начинот на кој корисниците пребаруваат на интернет со помош на вештачка интелигенција.
Доколку овој производ го усвојат 500-те милиони активни корисници на ChatGPT неделно, OpenAI би можел да добие директен увид во вредните податоци за корисниците, што е клучен извор на приходи за Google, кој ги користи податоците собрани преку Chrome за поцелно рекламирање, објаснува Ројтерс.
Chrome моментално претставува важен столб на деловниот модел на Alphabet, матичната компанија на Google, бидејќи придонесува за генерирање реклами што носат околу три четвртини од вкупните приходи на технолошкиот гигант. Меѓу главните конкуренти, вклучувајќи ги Google и стартапот Anthropic.
Според изворите, новиот веб-прелистувач би можел директно да интегрира производи на OpenAI како што е „Operator“, агент на вештачка интелигенција кој извршува задачи во име на корисниците, како што се резервација и пополнување формулари директно во рамките на веб-страниците што корисникот ги посетува.