По децении во шоу-бизнисот, Сара Џесика Паркер научи како да ги игнорира негативните коментари на социалните мрежи, но признава дека не ѝ било секогаш лесно да се справи со критиките, особено кога станува збор за нејзиниот физички изглед.
Во еден неодамнешен поткаст насловен „Call Her Daddy“ со Алекс Купер, актерката зборуваше за „суровите“ коментари со кои се соочила во раните фази од нејзината кариера, додека глумела во серијата „Сексот и градот“.
Сара призна дека „не била подготвена“ за нивото на внимание и осудување што доаѓало со нејзината улога во серијата и ја опишала како „вистински тест за своите механизми за справување“.
– Пред тој период, немаше ниту еден збор за мене. Имаше само мојата глума. Мислам дека тоа беа коментари за мојот физички изглед. Работи што не можев да ги сменам и не би ги сменила, и никогаш не помислив да ги сменам – дури и откако слушнав нешто што ме шокираше, како: „Што? Некој би го рекол тоа?“ И дури и тогаш, немав желба да го сменам тоа – изјави актерката.
Џесика, која сега има 60 години, додаде дека она што особено ја погодило е тоа што ваквите коментари обично доаѓале зад грб или биле објавувани во медиумите.
Зборувајќи за тоа како успева да ги остави тие работи, особено со оглед на нереалните стандарди за убавина, Сара откри како ги надминала.
– Мислам дека има момент кога … можеби, кога веќе сте плачеле затоа што сè изгледа толку сурово – тоа е крајот на тоа – рече познатата актерка.
Потоа Сара Џесика Паркер, во стилот на нејзината најпозната улога, ја додаде познатата реплика на Кери Бредшо и рече дека „не може, а да не помисли“ дали истите тие критичари би имале храброст да ѝ ги кажат сите тие сурови коментари во лице. Претходно, за време на едно интервју со Алекс Купер, таа се сети на единствениот пат кога плачела поради навистина лоши коментари што едно списание ги напишало за нејзиниот изглед.
– Беше како некој да те удри таму каде што најмногу боли. Само си помислив: „Зошто е тоа проблем? Зошто вреди да се потроши времето? И зошто уживаш да го кажуваш тоа?“. Плачев затоа што ми се чинеше толку намерно. Мислам дека тоа е единствениот пат кога навистина плачев за тоа – призна Сара.