дома Свет На универзитетот Харвард му се заканува одземање на акредитацијата

На универзитетот Харвард му се заканува одземање на акредитацијата

Американската администрација во средата го ескалираше спорот со Универзитетот Харвард, велејќи дека универзитетот можеби повеќе не ги исполнува стандардите за акредитација, како ид ека судски тоа ќе го побара поради евиденцијата на меѓународните студентски.

Овој потег е најновиот во низата акции на администрацијата против Харвард, кој ја тужеше федералната влада откако функционерите ги укинаа милијардите долари стипендии доделени на универзитетот и презедоа чекори за да му забранат да прима меѓународни студенти.

Администрацијата соопшти дека се обидува да наметне промени на Харвард и другите врвни универзитети низ САД, тврдејќи дека тие станале бастиони на левичарската таканаречена „освестена“ мисла и антисемитизам.

„Харвард останува непоколеблив во своите напори да ја заштити својата заедница и своите основачки принципи од неоправдана одмазда од страна на федералната влада“, се вели во соопштението на Харвард.

Министерството за образование на САД и Министерството за здравство и социјални услуги во средата соопштија дека формално ја известиле институцијата за акредитација на Харвард, Комисијата за високо образование на Нова Англија, дека Харвард го прекршил федералниот закон против дискриминација со тоа што не ги заштитил еврејските и израелските студенти на кампусот.

Агенциите рекоа дека има „силни докази што сугерираат дека универзитетот можеби повеќе не ги исполнува стандардите за акредитација на комисијата“, откако Канцеларијата за граѓански права на Министерството за здравство и човечки услуги минатиот месец заклучи дека Харвард го прекршил Законот за граѓански права.

Комисијата, непрофитно тело за акредитација, не би требало повторно сеопфатно да го оцени Харвард до средината на 2027 година. Потврди дека добила писмо од министерствата и рече дека федералната влада не може да им наложи да ја повлечат акредитацијата на универзитетот и дека универзитет за кој ќе се утврди дека ги прекршува неговите стандарди може да има до четири години да се усогласи.

Харвард тврди дека администрацијата на Трамп е одмаздољубива кон универзитетот и ги гази неговите права за слобода на говор од Првиот амандман откако одби да ги исполни барањата на администрацијата на Трамп да се откаже од контролата врз својата наставна програма и прием. Исто така, се тврди дека универзитетот е неправедно целен врз основа на она што официјалните лица го сметаат за левичарски тенденции на универзитетот. Федерален судија минатиот месец ја блокираше администрацијата да ја спроведе извршната наредба што ја потпиша Трамп, со која се забранува влезот во САД на странски државјани за студирање на Универзитетот Харвард.

ПредходнаБразил и Кина разгледуваат изградба на трансконтинентална железница
СледнаЕвропските берзи растат четврти ден по ред