На валутните пазари во претпладневното тргување во четвртокот падна вредноста на американскиот долар во однос на кошничка валути, по тридневниот раст.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, во првиот пресек од тргувањето беше околу 97,40 поени, додека вчера во истиот период изнесуваше 97,65 поени.
Во исто време, цената на европската валута се зголеми од вчерашните 1,1715 на 1,1735 долари.
Американската валута ослабе и во однос на јапонската, па курсот на доларот се лизна на 146,30 јени, додека вчера во истото време чинеше 147,05 јени.
Цените на нафтата, од друга страна, благо пораснаа. На лондонскиот пазар, цената на барелот се зголеми претпладнево за 0,20 отсто, на 70,35 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се зголеми за 0,13 отсто, на 68,45 долари.