дома Македонија Политика Рокас: Идентитетот и јазикот не се дел од преговарачките рамки

Рокас: Идентитетот и јазикот не се дел од преговарачките рамки

Евроамбасадорот во земјава, Михалис Рокас денеска од Охрид позитивно го оцени Извештајот на Европскиот парламент, истакнувајќи дека тој дава силна поддршка на интегративните процеси на државата и ги поддржува реформските процеси, особено реформите во правосудството, борбата против корупцијата и останатите предизвици со кои се соочува државата.

По однос на отстранувањето на термините македонски идентитет и јазик од Извештајот, тој потсети дека Европарламентот е независна институција, која носи политички одлуки согласно свои внатрешни процедури.

Најважно е да се истакне дека идентитетот и јазикот не се дел од преговарачките рамки. Идентитетот и јазикот најдобро се бранат со полноправно членство во ЕУ, вели Рокас

ПредходнаЛИБСЕЕН го поздравува усвојувањето на извештајот на Европскиот парламент за Македонија и ја осудува дебатата за идентитетот
СледнаКој и зошто го доведе до ова дереџе Охрид и езерово наше?