дома Економија Ангеловска-Бежоска за Денот на штедењето: Депозитите на граѓаните се показател за високата...

Ангеловска-Бежоска за Денот на штедењето: Депозитите на граѓаните се показател за високата доверба во банките и денарот

53

„Депозитите на домаќинствата, од пандемијата досега, се зголемени за 20%. Во моментов граѓаните им имаат доверено 340 милијарди денари на банките. Кај штедењето на населението се забележуваат поволни структурни промени, при што учеството на денарските во вкупните депозити на домаќинствата има нагорен тренд и изнесува околу 48%.

Растат и долгорочните депозити на домаќинствата и во моментов се на највисокото ниво во последните десетина години. Фактот што депозитите кај банките растат, и покрај мноштвото надворешни шокови, какви што имало само еднаш во изминатите сто години, е потврда за високата доверба којашто ја има населението во банкарскиот систем. Кон тоа придонесува и централната банка којашто постојано се залага за јакнење на неговата отпорност“, истакнува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска по повод на Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври.



ПредходнаКанада ја забрани популарната кинеската апликација „ВиЧет“ на владини уреди
СледнаАлкалоид со рекордни инвестиции од 20,2 милиони евра, резултат на најголемиот инвестициски проект на компанијата во последните 20 години