Актерката и пејачка Ванеса Хаџенс сподели радосна вест – таа повторно е бремена и го очекува своето второ дете со сопругот, бејзбол играчот Кол Такер. Таа ја објави веста на својот инстаграм-профил, речиси една година по раѓањето на нивното прво дете.
Во објавата беа споделени неколку фотографии на кои парот, облечен во усогласени бели комбинации. На една од фотографиите, двајцата покажуваат кон нејзиниот стомак, а Хаџенс напиша: „Рунда број два!“.



Само една недела пред ова откритие, Хаџес му посвети емотивна објава на својот сопруг по повод неговиот 29. роденден, споделувајќи слатка фотографија со него во смешни очила и духовито расположение.
„Среќен роденден на мојот најдобар пријател, љубовник и животен партнер. Ти си сè за мене“, напиша таа.
Такер ѝ одговори со зборовите: „Ти си најдобрата мама, благодарам“. Интересно е што Такерт го слави роденденот на ист ден кога се роди и нивното прво дете, на 3 јули 2024 година.

Иако првата бременост на Хаџенс беше откриена преку медиумите пред таа да ја потврди, таа тогаш изрази жалење што не ѝ беше дозволено самата да ја сподели веста.
По породувањето, таа се појави на црвениот килим за првпат на оскаровската забава во организација на „Венити фер“ во март 2025 година, во елегантна црна тоалета од „Долче и Габана“, додека Такер носеше црн костум.