дома Локално Започна електронското пријавување за сместување во студентски домови за 2025/2026

Започна електронското пријавување за сместување во студентски домови за 2025/2026

Бруцошите ќе имаат можност за аплицирање откако ќе завршат уписите на факултетите, во периодот од 10 до 17 септември

Од денеска, студентите од втора и повисоките години можат електронски да аплицираат за сместување во државните и приватните студентски домови за академската 2025/2026 година. Како што информира Министерството за образование и наука (МОН), пријавувањето ќе трае до 31 јули.

Бруцошите ќе имаат можност за аплицирање откако ќе завршат уписите на факултетите, во периодот од 10 до 17 септември.

Апликациите се поднесуваат преку интернет, на веб-страницата e-uslugi.mon.gov.mk, каде што студентите треба да прикачат потребни документи. Секој кандидат има право да конкурира само за еден студентски дом.

Поради тековната реконструкција, студентските домови „Кузман Јосифовски – Питу“ и „Стив Наумов“ во Скопје моментално остануваат затворени, но се очекува да бидат отворени за сместување од вториот семестар.

ПредходнаИталијанската модна куќа Лоро Пјана била ставена под судски надзор
СледнаХакнатиот профил на Елмо од Улица Сезам во X објавува антисемитски постови