дома Свет Ајатолахот Хамнеи ги повика муслиманските земји да го запрат извозот на нафта...

Ајатолахот Хамнеи ги повика муслиманските земји да го запрат извозот на нафта и храна за Израел

50





Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, ги повика муслиманските земји да го запрат извозот на нафта и храна во Израел, и побара да прекинат воздушните напади врз Појасот Газа, јавија светските агенции, цитирајќи државни медиуми.

„Бомбардирањето на Газа мора веднаш да престане, мора да се прекине рутата на извоз на нафта и храна за ционистичкиот режим“, рече Хамнеи во говорот цитиран од иранските државни медиуми.

Израел вети дека ќе ја уништи палестинската група Хамас, поддржана од Иран, која го контролира Појасот Газа, како одговор на нападите на 7 октомври врз цивили во јужен Израел, во кои загинаа 1.400 луѓе, а најмалку 240 беа земени како заложници. Израелските сили почнаа да го бомбардираат Појасот Газа и воведоа целосна блокада на енклавата, при што палестинските власти објавија дека повеќе од 8.000 луѓе се убиени од почетокот на воздушните напади.

Иранските духовни водачи го предупредија Израел за потенцијална ескалација на конфликтот доколку не ја прекине својата агресија врз палестинскиот народ.

МИА

– Реклама –








ПредходнаБегалскиот камп Џабалија е легитимна цел, нападот беше воено оправдан
СледнаБезбедносната состојба е стабилна и нема индиции кои укажуваат на можно нејзино загрозување