Лебот е намирница која домаќинствата ја купуваат секојдневно. Тој е важен дел од исхраната на населението, но зголемената количина леб завршува во отпад поради краткиот рок на траење.
Многумина се одлучуваат лебот да го чуваат во фрижидер, а некои во садови. Сепак, експертката за отпад Софи Труман тврди дека најдобриот начин за складирање на лебот е во платнено ќесе (торба).
Кога лебот се чува во влажна или прегреана средина, може да дојде до создавање мувла, што е ризик за луѓето со респираторни проблеми и алергии.
– Запомнете, ако лебот е свежо направен, не треба да го чувате во херметички затворено ќесе, бидејќи нема да може да дише. Морате да го оставите да дише за да биде најдобар за јадење. Секогаш е најдобро да го чувате во корпа за леб или платнена торба, да се излади на собна температура – објаснила експертката.
Сув плакар
Уште едно идеално место е кутија за леб или ладен и сув плакар или фиока, каде што е заштитен од главните причини на расипување – топлината и влагата.
Не чувајте го во фрижидер
Таа истакнува дека фрижидерот всушност го забрзува процесот на формирање на мувла, поради процесот на ретроградација што предизвикува кристализирање на молекулите на скробот на пониски температури.