дома Магазин ФОТО | Се појавија жешки фотографии од Бастијан со Бугарката Силва: Не...

ФОТО | Се појавија жешки фотографии од Бастијан со Бугарката Силва: Не се разделува од неа

Сега е и официјално, Бастијан Швајнштајгер има нова девојка, а фотографите на странските медиуми го фотографираа во љубовен занес.

И додека неговата поранешна сопруга Ана Ивановиќ ужива во Лондон, Бастијан Швајнштајгер разменува нежности со својата нова партнерка во Грција.

Станува збор за Силва Капитанов, со која го поврзуваат веќе долго време. Без да се воздржува пред луѓето околу него, поранешниот германски фудбалер ја прегрнува и ја бакнува својата сакана, а фотографиите стасаа до социјалните мрежи со брзина на светлината.

 

Да потсетиме, светските медиуми објавуваат дека Ана и Силва се познаваат, а неодамна се сретнале лице в лице.

Според медиумите, Ана и Силва се појавиле пред престижно меѓународно училиште во Мајорка.

Ова училиште го посетуваат децата на бројни познати личности, меѓу кои се децата на Ана и Бастијан, но и, наводно, децата на Силва.

Силва е мајка на две деца, а позната е и како поранешна инфлуенсерка која промовирала фитнес програма за жени по породувањето.

ПредходнаАна Петановска и Дадо Топиќ победија на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват
СледнаДневен хороскоп за 21 јули: Стара мелодија или познат мирис – носталгијата ќе ве допре денеска!