дома Свет Поради невреме, повеќе од 7.400 потрошувачи ,во Љубљана останаа без електрична енергија

Поради невреме, повеќе од 7.400 потрошувачи ,во Љубљана останаа без електрична енергија

 – Словенија во понеделник беше погодена од силна бура, проследена со обилни врнежи од дожд и налети на ветер до 80 километри на час, поради што повеќе од 7.400 потрошувачи во областа Љубљана останаа без електрична енергија, јавува РТВ Словенија.
Поради невремето, 2.049 потрошувачи во областа Трбовеље и 212 потрошувачи во Нови Место останаа без електрична енергија, соопшти Електро Љубљана.
Од Електро Целје изјавија дека прекин на струја имало и во месноста Требње и Жалец.
Според информациите од Словенечкиот информативен центар за сообраќај, сообраќајот е отежнат на места поради дрвја на коловозот, на автопатот Долењска пред Вишња Гора кон Ново Место, на автопатот Приморска пред Брезовица кон Љубљана, како и на јужната и западната обиколница околу Љубљана.

ПредходнаПред пратениците на 62. пленарна седница Дополнетиот ребаланс на Буџетот
СледнаФОТО „Кога го носам, сите се вртат по мене“: Амал Клуни користи парфем што жените го обожаваат