Македонската актерка и професорка Синоличка Трпкова е родена на 22 јули 1965 година во Скопје. По завршувањето на Академија за драмски уметности во Скопје, била ангажирана во ансамблот на Драмата на Македонскиот народен театар од 1989 до 1991 година. Учествувала во независни театарски проекти. Работи како професор по предметот Филмска, телевизиска и радио игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Филмографија:
- 1985: Бушава азбука (главна улога)
- 1986: Среќна Нова ’49 (главна улога)
- 1991: Тетовирање (споредна улога)
- 1991: Опстанок (главна улога)
- 1992: Заминување од Пасквелија (главна улога)
- 1993: Светлосиво / Прекрасен свет (главна улога)
- 1993: Светлосиво / Птицата Урубу и девица (главна улога)
- 1995: Во светот на бајките (споредна улога)
- 1997: Џипси меџик (главна улога)
- 1998: Збогум на 20-тиот век (споредна улога)
- 2000: Глас (глумец)
- 2010: Некои други приказни (споредна улога)
- 2019: Кома (главна улога)
- 2022: Бесценето (споредна улога)
Останати филмови:
- 1988 Дом за бесење (DOM ZA VEŠANJE), глумец, игран, РО ФОРУМ Сараево, Columbia Pictures САД, ТВ Сараево
- 1989 Смртта на ученикот (THE DEATH OF THE SCHOOL BOY), глумец, игран, NEYE Studio Film GMBH, Виена, Австрија
- 1994 Кармин (LIPSTICK), глумец, игран, STERNSTRUNDEN Film Production, Виена, Австрија
Иако во неколку наврти истакна дека еден период од животот, кога нејзината кариера била на врвот, ѝ бил навистина тежок, со помош на семејството успеала да ги надмине сите тешкотии, а денес благодарение на истрајноста важи за врвна актерка која своето знаење го пренесува на идните генерации како професорка на ФДУ Скопје.




