дома Свет Се запалил туристички брод во Макарска, има повредени!

Се запалил туристички брод во Макарска, има повредени!

Утринава се запалил туристички брод во Макарска.

Пожарот избувнал во кујната околу 8:20 часот наутро, за среча бил локализиран многу брзо. Во тек е увид на лице место.

-Две лица се повредени во пожар на туристички брод во Макарска, потврдила Сплитско-далматинската полиција за 24sata.hr.

На бродот имало туристи, а медицинска помош побарале членовите на екипажот, хрватски државјани.

ПредходнаБразилски суд му се заканува на Болсонаро со апсење поради прекршување на забраната за социјални мрежи
СледнаРускиот уметник Јар Булавин протеран од Србија, причина – фотографии од протест, тврдат студентите