дома Lifestyle Скај њуз: Десет од најчудните правила чие кршење носи строги казни

Скај њуз: Десет од најчудните правила чие кршење носи строги казни

Ако патувате во странство ова лето, последното нешто што ви треба се проблеми со законот, па затоа е важно да ги проверите сите локални закони или обичаи.
Скај њуз предупредува дека градот Виго во Шпанија вовел забрана за мокрење или вршење нужда на море или на плажа од 2022 година, и дека казната за прекршување на ова правило е 750 евра.


Во Португалија е нелегално да се гледа нелиценцирано бинго, или поточно, ако видите некој како игра бинго во парк, подобро е да не гледате, бидејќи бингото спаѓа под законите за коцкање, па затоа играњето или гледањето нелиценцирани игри може да доведе до парична казна или затвор.
На Сардинија, како и на други познати италијански плажи, е забрането собирање камчиња, песок или школки, а казните можат да бидат до 1.000 евра.
На островот Капри е забрането користење и внесување пластични предмети за еднократна употреба, како што се кеси, прибор за јадење, чинии, чаши, амбалажа за храна, послужавници и сламки, а казните за тоа се до 500 евра.
Исто така, забрането е собирање на разни италијански видови цвеќиња, растенија и билки од планински и шумски области.
Во Сингапур е нелегално да се храни гулаби, а казната за тоа е до 500 долари.
Во некои делови од Јапонија, поведувањето спор околу сметка во ресторан може да доведе до апсење на гостинот, поради што се препорачува секогаш да ја проверите цената во менито пред да нарачате нешто во баровите и рестораните.
Во Хонг Конг е забрането да се плука на улица или да се фрла ѓубре, а казната за ова е речиси 300 фунти.
Во Грција, покажувањето задник не се толерира и може да резултира со парична казна или затворска казна според законот што се однесува на „бучно и непристојно однесување“.
Во Турција, навредувањето на турската нација или националното знаме се смета за кривично дело и е казниво со затворска казна од шест месеци до три години.
Во Германија, преминувањето на улицата на црвено светло може да резултира со непосредна казна од пет евра, или ако предизвикате несреќа – 10 евра.
На Карибите, носењето камуфлажна облека е забрането, не од модни причини, туку поради нејзината поврзаност со воени униформи….

ПредходнаСе очекува Татјана Димитровска денеска да поднесе оставка од функцијата претседателка на ДКСК
СледнаПретседателката на ДКСК поднесе оставка по обвинението за две кривични дела