дома Живот ВИДЕО | Експертите: Ова е најбрзиот начин да го хидрирате телото, а...

ВИДЕО | Експертите: Ова е најбрзиот начин да го хидрирате телото, а дали е здрав?

Пиењето сок од кисели краставички стана особено популарно во последните неколку години, особено по напорни тренинзи. Се поставува прашањето колку е, всушност, здрав.

Сокот од киселите краставички познат и како саламура од кисели краставички, навистина има неколку здравствени придобивки, вклучувајќи олеснување на болката предизвикана од грчеви во мускулите, помага за одржување на хидрозата, обезбедува витамини и антиоксиданси, помага при слабеење и го регулира шеќерот во крвта.

Нутриционистката Џулија Зумпано навела за „Фокс њуз дигитал“ дека препорачува сок од кисели краставички за брза хидратација.

„Богат е со натриум и е добар извор на калиум и магнезиум, електролити кои се губат во текот на напорно вежбање или интензивно потење“, рекла таа, додавајќи дека тој го контролира нивото на шеќер во крвта и може да биде корисно за губењето на килограмите.

Лактоферментираниот сок од кисели краставички, кој се подложува на процес на ферментација во солена вода, нуди дополнителна корист од пробиотици кои го поддржуваат здравјето на цревата, рекла таа.

Зумпано ги предупредила луѓето кои треба да го ограничат внесот на натриум воопшто да не го пијат.

Доктор Вил Хас не препорачува сок од кисели краставички како редовен метод на хидратација.

„Сокот од кисели краставички нуди брза доза на натриум, што може да помогне по обилно потење, но тоа не е нешто што обично го препорачувам. За поцелосна и поефикасна хидратација, претпочитам електролитни прашоци што содржат натриум, калиум, магнезиум и малку гликоза за да се подобри апсорпцијата и рамнотежата на течностите“, рекол тој.

За оние кои, и покрај сè, сакаат да се обидат да консумираат сок од краставици, тој препорача да се започне со лактоферментирани верзии.

Сокот од кисели краставички е поврзан и со ублажување на грчевите во мускулите. Студија од 2022 година спроведена од истражувачи на Универзитетот во Мичиген откри дека сокот од кисели краставички ја надминува и водата од чешма со намалување на сериозноста на грчевите.

Една студија од 2010 објавена во „Журнал оф атлетик трејнинг“ откри дека сокот од киселите краставички помага при ублажување на болката предизвикана од грчеви во мускулите, стимулирајќи рефлекс во задниот дел на грлото. Овој рефлекс ги релаксира мускулите и ја намалува активноста во алфа-моторните неврони.

Друго истражување објавено во „Медисин енд саенс ин спорт“ открива дека сокот од кисели краставички ги олеснува грчевите во мускулите 37 отсто побрзо од водата за пиење. Грчевите во мускулите исчезнуваат за една до две минути.

Истражувачите веруваат дека тоа е заради оцетот во сокот од киселите краставички, но потребни се дополнителни истражувања.
ПредходнаФОТО | Клинт Иствуд жртва на вештачката интелигенција: Актерот прикажан во болнички кревет, се огласи неговиот тим
СледнаДоналд Трамп се прости од Халк Хоган: „Тој беше вистински МАГА јунак“