дома Магазин За Клинт Иствуд, бракот бил затвор, а неверството навика

За Клинт Иствуд, бракот бил затвор, а неверството навика

Холивудската легенда Клинт Иствуд, кој има 95 години, отсекогаш бил човек кој го гледал животот на свој начин. Неговиот љубовен живот бил речиси исто толку сложен и бурен како и неговата импресивна филмска кариера.

Новата биографија на Клинт Иствуд, која ја потпишува Шон Леви, дава шокантни детали за ставот на актерот кон бракот и моногамијата, откривајќи дека легендарниот актер го гледал бракот како форма на заробување.

Од перото на биографот, кој истражувал децении и децении јавни и приватни тајни на Иствуд, се дознало и дека пријателите на актерот честопати знаеле дека за него бракот е само форма на ограничување на неговата слобода.

„Тој секогаш ја почитувал институцијата брак, но во исто време ја сметал својата лична слобода за важна, ако не и поважна“, тврди Леви.

Првиот брак на Иствуд со Меги Џонсон, кој траеше повеќе од две децении, беше обележан со неговите бројни афери и тајни врски. Надвор од тој брак, тој имаше неколку деца со различни жени, а многу од деталите станаа познати дури подоцна. Во истиот период, тој имаше и дванаесетгодишна афера со својата каскадерка Роксана Тунис, а потоа и 13-годишна, турбулентна врска со актерката Сондра Лок.

Врската со Клинт Иствуд завршила во 1989 година, а по раскинувањето, Сондра Лок го тужеше актерот, и исто како што поранешните сопруги бараат алиментација од своите поранешни животни партнери за своите деца, таа исто така бараше надомест преку судот. Причината, како што тврдеше таа во тоа време, беше тоа што тој ги сменил бравите во станот каде што живееле заедно и не ѝ дозволил да си ги изнесе своите работи. На крајот сепак се смириле, но не за долго.

Неговиот живот не се променил многу ниту по раскинувањето со Сондра. Клинт имал уште две деца со стјуардеса, а во деведесеттите години влезе во врска со актерката Франсес Фишер, со која ја доби ќерката Франческа. Следната станица беше неговиот брак со ТВ-репортерката Дина Руиз, со која ја доби ќерката Морган, а откако тој брак се распадна, јавноста дозна за нова романтична врска со многу помладата келнерка, Кристина Сандер, со која помина десет години.

Неговиот став кон институцијата брак и моногамија најдобро може да се опише со неговите зборови – за него бракот бил „затвор“, а неверството зависност налик на онаа кога ви треба уште една цигара.

ПредходнаДневен хороскоп за 25 јули: Не ги споделувајте плановите со никого
СледнаФОТО | Ѕирнете во луксузниот стан на најпознатата српска инфлуенсерка во светот Тамара Калиниќ! Ќе ви го одземе здивот!