Славната српска инфлуенсерка Тамара Калиниќ позната по својот моден стил и едиторијали за убавина, никогаш не престанува да го фасцинира светот со својот посебен стил. Иако, еднаш рекла, нејзиниот живот е во куфери, мора да постои некоја база, а тоа во моментот е Милано. Тамара Калиниќ и нејзиниот свршеник, Италијанецот Филипо, го опремиле својот животен простор според постулатите на минимализмот, но со многу љубов и вкус, обрнувајќи внимание на секој агол.
Во јули 2021 година, крадци го ограбија нејзиниот стан во Париз и украдоа работи вредни повеќе од 300.000 евра. Потоа, Тамара Калиниќ одлучи да го напушти Градот на светлината и да го продолжи својот живот во друг светски моден центар, Милано. Локацијата овој пат е строго доверлива, бидејќи не сака повторно да се најде во непријатна ситуација. Разбирливо.
Сепак, најуспешната инфлуенсерка од регионот одвреме-навреме им ја отвора вратата од својот дом на своите бројни следбеници на Инстаграм и открива како изгледа животниот простор што го дели со својот свршеник, италијанскиот моден претприемач Филипо Теста.
Поддржувачката на современиот стил и дизајн, го опремила станот според постулатите на минимализмот. Во ентериерот забележливо доминира белата боја, олицетворение на елеганција, чистота и едноставност.
Трпезаријата, објаснила Тамара, е вистинско уметничко дело, а ѕвезди на оваа просторија се големата мермерна маса и лустетор со необична форма и модерен дизајн. Сè е бело, тепихот, декорацијата, дури и инсталацијата на ѕидот, како и многу едноставната завеса.
Дневната соба е во ист стил. Во преден план е удобната софа, а големите ламби со бели абажури и мермерни пиедестали ќе ви го одземат здивот.

Има уште една софа, во винтиџ стил, од Марио Белини. За такво парче може да се чека и до пет години, открила Тамара во едно видео.
На масите – свежо цвеќе, фигурини, миризливи цвеќиња и нејзините омилени книги.

Многумина едвај дочекаа да видат како изгледа гардероберот на популарната инфлуенсерка. Најважната просторија во нејзината куќа? Веројатно. Секако е пространа, а некои заклучиле дека е вистински спектакл, достоен за светските ѕвезди.
Скапите чанти – посериозна инвестиција, бидејќи има и неколку „Биркин“ чанти – го заземаат почесното место. Тие се внимателно распоредени на полици од подот до таванот, како и скапите чевли и гардероба со добро познати потписи од светски модни брендови и дизајнери. Колекцијата очила за сонце, во посебна (и голема!) фиока, е исто така импресивна.
А кога во една пригода се подготвувала да излезе, стајлингот, чија ѕвезда била елегантна бордо креација, го „комплетирала“ со неколку капки парфем „Валентино“ на база на вишна, овошје со иста нијанса како и фустанот. Реакциите на следбениците не изостанале, сите го забележале тој момент.
Спалната соба исто така зрачи со светлина и елеганција. Без излишни детали што би ја нарушиле хармонијата и мирот. Нема слики на ѕидовите, а пространиот кревет е украсен со перници со буквата Х на латиница H, логото на луксузниот бренд „Hermes“, односно „Ермес“.
„Доме, сладок доме! Можеш да патуваш низ светот и да ги видиш сите најубави земји, но ништо не може да се спореди со спиењето во сопствениот кревет“, напишала Тамара Калиниќ во една објава, додека сè уште го уредувала станот. Потоа додала дека „Рим не е изграден за еден ден, ниту нашиот дом, но се чувствувам одлично секогаш кога сум тука“.