дома Свет „САД и ЕУ ја бараат мојата глава“

„САД и ЕУ ја бараат мојата глава“






Директорот на српската Безбедносно-информативната агенција (БИА) Александар Вулин денеска соопшти дека поднесува неотповиклива оставка, наведувајќи дека „САД и ЕУ ја бараат неговата глава како предуслов за да не се воведат санкции кон Србија“.

„Јас не сум причина за уцени и притисок врз Србија и српскиот свет, но нема да дозволам да бидам причина за уцени и притисок врз Србија и српскиот свет“, напиша Вулин објаснувајќи ја својата одлука да поднесе оставка.

Како што наведува во соопштението, „српскиот претседател Александар Вучиќ и Србија се соочуваат со закани и уцени кои можат да се споредат само со австроунгарскиот ултиматум од 1914 година“.

„Мојата оставка нема да ја промени политиката на САД и ЕУ кон Србија, но ќе ги забави новите барања и уцени“, рече Вулин.

МИА

– Реклама –








ПредходнаАнкетната комисија излегува надвор од своите надлежности, ќе ја наруши предистражната постапка на Обвинителството
СледнаЛога ќе бара да се свика Советот за безбедност за осудениците за кои нема место во затвор