дома Свет Марко Рубио му порача на Макрон дека поддршката за Хамас е ризичен...

Марко Рубио му порача на Макрон дека поддршката за Хамас е ризичен потег

Вашингтон остро реагираше на најавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека Франција ќе ја признае Државата Палестина за време на Генералното собрание на Обединетите нации во септември. Американскиот државен секретар Марко Рубио во објава на социјалната мрежа X оцени дека овој потег е „невнимателна одлука што ѝ служи само на пропагандата на Хамас и го кочи процесот на мир“.

 

„Ова е шлаканица во лице за жртвите на масакрот од 7 октомври“, напиша Рубио, алудирајќи на нападот на Хамас врз Израел во кој загинаа над 1.200 луѓе, а повеќе од 250 беа киднапирани и однесени во Појасот Газа.

Изјавата на Макрон, објавена синоќа, предизвика силни политички и дипломатски реакции. Тој рече дека признавањето на Палестина е „во функција на праведен и траен мир на Блискиот Исток“, и најави дека формалната изјава ќе ја даде на собранието на ОН.

 

Француската одлука доаѓа во чувствителен момент кога регионот се уште е длабоко потресен од последиците на војната меѓу Израел и Хамас. САД, како главен сојузник на Израел, се противат на еднострани чекори во однос на палестинската државност, сметајќи дека тие треба да произлезат од директни преговори меѓу страните.

ПредходнаНајмалку четири деца загинаа при уривање на кров на училиште во Индија, Моди изрази сочувство
СледнаИзраел и САД ги напуштија преговорите за прекин на огнот во Газа кои се одржуваат во Катар