Полицијата одзела документација од Општина Чаир во рамки на истрагата за дивоградбите по наредба од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, потврдиле од МВР за Фактор. Документи се одземени и од Министерството за транспорт и врски.
„Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР постапува врз основа на издадени Наредби од ОЈО за ГОКК како и издадени Наредби од Судија на претходна постапка. Во текот на 23.07.2025. врз основа на Наредба на судија на претходна постапка полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР одземаа документација од општина Чаир и од Министерството за транспорт и врски“, велат од МВР.
Обвинителството отвори истрага за дивоградбите во Чаир откако градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која обвини дека многу дивоградби во Чаир се легализирале незаконски