Повеќе од 100 пожари се активни на отворени површини на територијата на Република Србија, а најзагрозените локации се евидентирани во околината на Ниш, Врање, Крагуевац, Пријепоље, Мали Зворник, Ужице и Крушевац, соопшти српското Министерството за внатрешни работи.
Во гаснењето на пожарот учествуваа повеќе од 500 пожарникари и спасувачи од сите делови на Србија, со околу 150 возила за разни намени.
Благодарение на брзата и ефикасна интервенција, спасени се повеќе од десет лица, околу 150 станбени и деловни згради, една трафостаница, десетици земјоделски имоти, градежна механизација и домашни животни.