дома Свет Балкан Пожари во близина на Атина, евакуација на загрозените жители

Пожари во близина на Атина, евакуација на загрозените жители

Во средината на третиот топлотен бран што ја погоди Грција, пожарникарите денес гасат шумски пожари во близина на главниот град Атина, објавија локалните медиуми, наведувајќи дека неколку села се евакуирани.


Експлозии можеа да се слушнат во селото Дросопигиу, на околу 25 километри од Атина, каде што се наоѓа фабрика со запаливи материјали, јавува Ројтерс.
Беа распоредени противпожарни хеликоптери, а 65 пожарникари се бореа со пожарот со помош на 26 возила и два авиони.
Во извештај на државната телевизија се вели дека две куќи се запалиле додека еден стан бил евакуиран.

ПредходнаМВР: Повеќе од 100 отворени пожари активни во Србија
СледнаДожд, град..невремето тргна од Белград