дома Локално Се уште беснее пожарот во Пустец, се надеваат на помош и од...

Се уште беснее пожарот во Пустец, се надеваат на помош и од соседните земји

  Се уште беснее  пожарот во Националниот парк „Преспа“ кај Пустец,  чие гаснење е прекинато синоќа и ќе продолжи денеска.

Градоначалникот на општина Пустец, Пали Колефски рече дека поради високите температури, ветерот и недостапниот терен гаснењето е речиси неможно  а опожарената  површина е многу голема.

-Од првите моменти кога беше пријавено, имаше брза реакција, но времето и оваа суша го фаворизираа неговото ширење. Пожарот избувна во област со ниска вегетација и она што ја отежнува интервенцијата е тоа што нема пат. Се обидовме со сите средства што ги имаме, дури  имавме помош и од Општина Поградец. Пожарникарите на нашата општина, од Поградец, работниците од сите служби, од Националниот парк, граѓани тука беа, но тешко оди, рече Колефски.

Прашан за причината за пожарот, тој  остава на надлежните да утврдат.

-Министерството за внатрешни работи и полицијата велат дека пожарот започнал тука покрај патот. Не знам дали е предизвикан од небрежност или намерно палење. Ова останува тие да го потврдат, нагласи тој.

Директорот на администрацијата на заштитени подрачја, Ѓерѓи Коки, со жалење констатира дека ова е втора година како се случува пожар од ваков обем, и додава дека поради алармантната ситуација со пожарите во земјата не очекува интервенција од воздух.

 

ПредходнаМилевски: Борко да си поднесе оставка за резил олимпијадата, Македонија е посрамотена пред цел свет
СледнаВо изминатите 24 часа 33 пожари на отворено од кои 16 се изгаснати пет се под контрола