дома Без филтер Шпанија: Зголемен број апсења на малолетници поради „џихадизам преку ТикТок“

Шпанија: Зголемен број апсења на малолетници поради „џихадизам преку ТикТок“

Шпанското Министерство за внатрешни работи објави дека од 2023 година бројот на малолетници уапсени за терористички активности „драматично се зголемил“.


„Минатата година беа уапсени 15 малолетници под сомнение за учество во терористички активности, што е повеќе од двојно повеќе во споредба со 2023 година, а тоа е зголемување од 150 проценти за само една година“, се вели во извештајот, според порталот „20 минути“.
Додадено е дека „овој тренд не запрел ниту оваа година“, бидејќи во првата половина од 2025 година, безбедносните сили уапсиле седум малолетници поврзани со џихадизмот.

Зголемувањето е очигледно во споредба со претходните години, бидејќи само осум малолетници биле уапсени помеѓу 2017 и 2022 година, се вели во извештајот.
Италијанскиот истражувач Лоренцо Видино, експерт за радикален ислам, го нарече овој феномен „ТикТок џихадизам“ бидејќи социјалните мрежи се примарниот медиум преку кој се шири џихадистичката пропаганда меѓу младите луѓе.
Во 2024 година, голем број млади луѓе беа уапсени за ширење џихадистичка пропаганда на социјалните медиуми.
Меѓу нив е и 45-годишен марокански државјанин уапсен во Малага за водење профил на TikTok кој ширел пропаганда на Исламска држава, поттикнувал напади и промовирал регрутирање терористи.
Слични апсења беа извршени во Теулада (Аликанте), Корнела (Барселона) и Колменар Виехо (Мадрид).
Во текот на 2024 година, вкупно 81 лице беа уапсени за џихадистички активности во Шпанија, што е најголем број од 2005 година.
Покрај тоа, осум лица беа уапсени во соседните земји како резултат на истрагите на Националната полиција или Цивилната гарда.
Овие бројки ја прават Шпанија земја со најмногу апсења, пред Франција (69), Италија (62) и Германија (55), според шпанскиот портал.

ПредходнаСинот на Софија Лорен се ожени со грузиски фитнес инструктор, се преобрати во православие
СледнаКлиматските промени го нагазија Балканот: Бурса се евакуира, а Грција, Бугарија и Албанија горат, Србија невереме